17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Растот на економијата над очекувањата

САД: Растот на економијата над очекувањата

sad1sad2

Економијата на САД во третиот квартал се зголеми за 3,6 проценти на годишно ниво, што е значително над првичните проценки, соопшти американското министерство за трговија.

Според претходните проценки, бруто домашниот производ на САД во периодот од јули до септември требаше да порасне за 2,8 проценти, додека повеќето аналитичари очекуваа раст од три проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

За економскиот раст од третиот квартал најмногу придонесе зголемувањето на залихите на компаниите.

Ова е четвртиот последователен квартал во кој е забележан раст на најголемата светска економија, и станува збор за најбрзото темпо на раст од првиот квартал од 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП