17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Закрепнување во 2014 и 2015

ЕЦБ: Закрепнување во 2014 и 2015

mariodragidragi1

Европската централна банка е оптимистична во поглед на враќањето на еврозоната на патеката на раст во 2014 и 2015 година, и покрај високата стапка на невработеност и ниската инфлација.

Според зборовите на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, централната банка ја зголеми прогнозата за раст на еврозоната за 2014 година на 1,1 проценти, додека во 2015 година предвидува раст од 1,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Економијата на еврозоната ќе има корист од постепеното зајакнување на извозот и подобрувањето на домашната побарувачка“, изјави Драги и порача дека невработеноста, сепак, сеуште е многу висока.

За оваа година, ЕЦБ ја задржа прогнозата за еврозоната предвидувајќи забавување од 0,4 проценти.

Драги, исто така, оцени дека еврозоната може да се соочи со долг период на ниска инфлација, и истакна дека ЕЦБ ја намалила прогнозата за инфлацијата во еврозоната за оваа и наредната година, на 1,4 проценти, односно 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП