Претседателот на САД, Доналд Трамп, одеднаш ги откажа нападите врз Иран што беа планирани за утре.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп ги откри причините за овој неочекуван потег:
„Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, ме замолија да го одложам нашиот планиран воен напад врз Исламската Република Иран, кој беше закажан за утре, со оглед на тоа што сега се во тек сериозни преговори и дека, според нивно мислење, како големи лидери и сојузници, ќе се постигне договор што ќе биде многу прифатлив за Соединетите Американски Држави, како и за сите земји од Блискиот Исток и пошироко“, изјави Трмап и додаде:
„Овој договор ќе вклучува, важно, БЕЗ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЗА ИРАН! Врз основа на моето почитување кон гореспоменатите лидери, им наложив на секретарот за војна Пит Хегсет, началникот на Здружениот штаб, генерал Даниел Кејн, и на војската на Соединетите Американски Држави дека утре НЕМА да го започнеме планираниот напад врз Иран, но дополнително им наложив да бидат подготвени да продолжат со целосен, голем напад врз Иран, без оглед на моментот, во случај да не се постигне прифатлив договор.“
Да потсетиме, претходно денес „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп, во договор со Израел, веќе го подготвил продолжувањето на нападите врз Иран, кои требаше да бидат извршени оваа недела.



