24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентирана нацрт-урбанистичка документација за изградба на мини-хидроелектрани во Крива Паланка

Презентирана нацрт-урбанистичка документација за изградба на мини-хидроелектрани во Крива Паланка

hidroelektrana-630x360

Локалната самоуправа на општина Крива Палнака одржа јавна презентација на нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на мини-хидроелектрични централи во општината.

По принципот на јавно-приватно партнерство помеѓу ЈП „Комуналец“, Крива Планака и „Хидро-Осогово“ ДО Скопје предвидена е изградба на две мини-хидро централи на Станечка Река, во катастарска област Станци.

Раководителот на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, Добривој Николовски, информираше дека планот е изготвен согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, а со одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на парцелата за изградба на машинската зграда извршена е пренамена на земјоделско во земјиште од Е2 – класа, наменето за комунална супра-структура.

– Малите хидро-централи „Станечка Река 1“ и „Станечка Река 2“ ќе зафаќаат вкупна површина од 1.111 метри квадратни, а разликата помеѓу двете хидро-електрани е во техничките карактеристики, изјави Жарко Теофиловски, претставник од приватниот партнер, „Хидро-Осогово“, кој потенцираше дека МХЕЦ „Станечка Река 1“ ќе биде проточна, што подразбира водата по производството на електрична енергија ќе се филтрира и низ пречистителната станица ќе се влева во водоводниот систем, додека МХЕЦ „Станечка Река 2“ ќе работи само кога во системот ќе се јави вишок вода.

ЛУПД ја изработи проектантската куќа „Билд“ ДООЕЛ, Скопје, а конечното решение за основниот проект по одобрувањето и усвојувањето ќе го изготви „Аквават“ ДО , Скопје. Iнаку, во тек е и јавна анкета за нацрт-планот која ќе трае до 10 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП