28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо октомври намален бројот на одобренија за градење

Во октомври намален бројот на одобренија за градење

odobreniezagradba

Во октомври годинава се издадени 147 одобренија за градење што е за 43 проценти помалку во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.552.689.000 денари што е за 18,7 проценти помалку во однос на октомври лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 100 (68 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (17 проценти) за нискоградба и 22 (15 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 147 објекти,  кај 103 (70,1 процент) инвеститори се физички лица, а кај 44 објекти (29,9 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 347 станови со вкупна корисна површина од 27.990 метри квадратни.

Според Државниот завод за статистика, во третиот квартал  годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за истиот квартал лани, се повисоки за 1,8 проценти.

Во споредба со вториот квартал годинава, трошоците  во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5 проценти,за материјали се пониски за 0,9 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 0,7 проценти.

Во третиот квартал годинава, во однос на истиот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8 проценти, за материјали се пониски за 3,2 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 19,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП