25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо ноември извозот 3,475 милијарди долари

До ноември извозот 3,475 милијарди долари

izvoz1

Република Македонија, во првите 10 месеци од годинава извезла стоки во вредност од 3,475 милијарди американски  долари, а увезла стоки за 5,387 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,5 отсто, а трговскиот дефицит е 1,911 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и рудите на никел и нивните концентрати.

Најмногу стоки 72,5 отсто се извезени во земјите-членки на Европската унија по што следат земјите од Западен Балкан со 18,2 отсто. Земјите членки на ЕУ со 62,2 отсто се и на првото место по увезени стоки во Македонија.

Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Велика Британија и Италија со кои се врши 49,8 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП