5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиндикалните протести вo Загреб прераснаа во антивладини

Синдикалните протести вo Загреб прераснаа во антивладини

zagreb-protest

Синдикален протест во Загреб против промени во законот за работни односи, прерасна во протест против Владата, кој синдикалните лидери го нарекоа „најлошото за работниците во последните 20 години“, јави Танјуг.

Организаторите на протестот, во кој според оценка на полицијата учествувале над илјада лица, ја обвинија Владата за „неспособност и социјална бесчувствителност“, повикувајќи ја да почне преговори со синдикатот и да го повлече предлог-законот за измени на кодексот на труд.

Синдикалните лидери ја предупредија Владата дека „народот, кој ја избрал, може и да ја собори од власт“ и побараа оставка на министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ поради „неспособност да води социјален дијалог“.

Синдикалците истакнаа дека новиот предлог-закон ја ограничува улогата на синдикатите и колективните договори, им дава на работодавците право да го зголемуваат работното време, да го ограничуваат правото на штрајк и предвидува зголемување на возраста за пензионирање од 65 години на 67 за мажи и за жени.

Предлог-законот требаше денеска да биде разгледан во Парламентот, но беше повлечен од парламентарна процедура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП