29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис форум: Унгарските компании да дојдат во Македонија

Бизнис форум: Унгарските компании да дојдат во Македонија

ungarski-kompanii

Инвестиција во земјоделскиот сектор и посета на 20 илјади туристи е резултат на вечерашниов Македонско-унгарски бизнис форум организиран од агенциите за странски инвестиции на двете земји, а во рамки на официјалната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Македонија.

Kако што информира директорот на Македонската агенција за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида унгарска компанија ги разгледува можностите за инвестирање во Македонија и се очекува таа да биде објавена некаде во февруари следната година.

Станува збор за компанија за преработка на овошје и зеленчук на која и се нуди да направи браунфилд инвестиција, а доколку не направи избор од тоа може да биде и гринфилд инвестиција.

На вечерашниот форум присуствуваа 30 компании од ИТ секторот, градежништвото, машинската индустрија и туризмот во чии рамки турооператорот Атлас и три македонски туристички агенции потпишаа договор за посета на 20 илјади кинески туристи.

Според премиерот Никола Груевски Бизнис форумот е иако ретка добра можност за размена на идеи за зајакнување на економските односи.

– Иако, Скопје и Будимпешта се оддалечени само 640 километри постојат огромни неискористени потенцијали во доменот на меѓународната трговија и инвестициите и воопшто во доменот на бизнисот, рече премиерот Груевски обраќајќи се пред стопанствениците од двете земји.

Потенцира дека вкупната трговска размена бележи благ пораст во последните години, сепак е од реалтивно мал обем и  во 2012 година изнесува 61,7 милиони долари. Потребно е, истакна, да обрнеме внимание на изнаоѓање различни форми за проширување на економската соработка во насока на искористување на потенцијалите што ги поседуваме.

Истакнувајќи дека Македонија и Унгарија имаат одлични политички односи со интензивен политички дијалог, темели на пријателство, меѓусебна доверба и почитување, рече дека Македонија сака ваквите политички односи да се пресликаат и во економската соработка и трговските врски.

Пред стопанствениците ги посочи мерките и реформите што се преземени за подобрување на бизнис клима како регулаторната гилотина, намалување на административните бариери, рамниот данок, изградените технолошко индустриски зони и поволностите што ги нудат за инвеститорите…

Потенцира дека и покрај кризата во изминатите неколку години им кажавме добредојде на повеќе странски инвеститиори и додаде дека постои сериозен интес за инвестирање од компании од САД, Кина, Индија и Катар што пак е и потврда дека сме на добар пат на економски просперитет и привлекување инвестиции.

На форумот се обрати и унгарскиот премиер Виктор Орбан кој ги повика и им препорача унгарските компании да дојдат да инвестираат во Македонија бидјеќи е држава со шанси за добар успех.

–  Мојот одговор зошто да дојдат во Македонија е дека треба да одат во земја која има водство со јасна визија и која визија има шанса за успех, истакна Орбан.

Тој додаде дека со доаѓањето во Македонија унгарските компании сакаат да придонесат во развојот на земјата.

Потенцира дека досега се реализирани повеќе работи од Спогодбата потпишана лани и дека останува во иднина да се воспостави и директна авионска врска меѓу двете земји.

Орбан ги охрабри и македонските бизнисмени да се вклучат во унгарското стопанство и да постигнуваат успех. –  Ние ќе се радуваме на тоа, бидејќи точно ја знаеме вашата историја и ги знаеме нашите балкански врским, рече унгарскиот премиер обраќаќи се на бизнис форумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП