Новиот електричен модел „AUDI E7X“ пристигна на кинескиот пазар и веднаш привлече внимание со својата комбинација од големи димензии, напредна технологија и многу конкурентна цена.
Овој теренец е поголем од „Audi Q7“, а основната верзија во Кина чини помалку од „Audi Q3“. Имено, почетната цена на моделот „AUDI E7X“ на кинескиот пазар е околу 42.600 долари.

Основниот модел користи батерија од 100 kWh и електрична архитектура од 900 волти, со опсег до 705 километри според (оптимистичкиот) кинески „CLTC“ циклус.
Погонот го обезбедува електричен мотор од 402 ks сместен во задниот дел, додека забрзувањето до 100 км/ч трае 5,82 секунди.

Достапни се и помоќни верзии со погон на сите тркала со вкупно 670 ks, кои достигнуваат „стотки“ за само 3,9 секунди.
Најскапата верзија добива поголема батерија од 109 kWh и домет до 751 километар.

Овој модел уште еднаш покажува колку конкурентен станал кинескиот пазар на електрични автомобили кога станува збор за цена, технологија и перформанси.



