3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM го гаси брендот Chevrolet во Европа

GM го гаси брендот Chevrolet во Европа

chevrolet-evropa-epa-main

Американскиот автомобилски гигант „General Motors“ денеска објави дека до крајот на 2015-та година ќе го згасне брендот „Chevrolet“ во Европа и ќе се концентрира на зајакнување на брендовите „Opel“ и „Vauxhall“.

„Chevrolet“ веќе нема да биде во центарот на вниманието на „GM“ во западна и источна Европа, поради предизвикувачкиот бизнис модел и тешката економска ситуација во Европа, се наведува во соопштението.

„Се повеќе имаме доверба во брендовите „Opel“ и „Vauxhall“ во Европа. Ќе ги фокусираме нашите ресурси на средна Европа“, рече потпретседателот на „GM“, Стивен Гирски.

Продажбата на „Chevrolet“ во Европа стагнира на околу 200.000 автомобили од кога „GM“ повторно го активираше овој бренд во Европа во 2005-та година. Поради остриот пад на побарувачката за моделите, „Chevrolet“ значително ги намали цените и воведе повеќе модели за купувачите со подлабок џеб, па се најде во судир со сестринскиот бренд „Opel“.

Во „General Motors“ очекуваат поради згаснувањето на „Chevrolet“ да забележат нето еднократни трошоци во распон од 700 милиони до една милијарда долари, главно во четврото тромесечије во 2013-та година и првата половина на 2014-та година.

Од тој износ околу 300 милиони ќе отпаднат на вредноста на имотот, реструктуирање на мрежата на овластените продавачи и отпремнина.

Некои од трошоците од ретсруктуирањето нема да бидат третирани како еднократни, туку ќе влијаат на бизнис резултатите на „GM“ во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП