1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Приватизацијата ќе започне за две години

Кипар: Приватизацијата ќе започне за две години

kipar8

Кипарската влада соопшти дека приватизацијата на државните компании ќе започне за две години, кога се очекува почетокот на закрепнувањето на економијата на оваа земја, која зема странска финансиска помош.

Владиниот портпарол Христос Стилијанидес изјави дека прво ќе биде приватизирана државната агенција за телекомуникација.

Тој изјави дека владата ќе задржи одреден удел во сопственоста и дека правата на работниците ќе бидат заштитени, и дека вработените ќе можат да купат акции во компаниите кои ќе бидат понудени на продажба.

Според одредбите од договорот со странските кредитори, кипарската влада мора да собере 1,4 милијарди евра преку приватизација и на други начини.

Владата денес го усвои планот за приватизација, кој е еден од условите за добивање на наредната транша од одобрениот кредит, пренесува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП