Европскиот увоз на руски течен природен гас е зголемен од почетокот на годината, и покрај ветувањето на Брисел дека постепено ќе го укине до крајот на 2027 година, објави денес германската еколошка организација „Ургевалд“, а пренесоа и француските медиуми.
Невладината организација, која се потпираше на податоци од фирмата за поморски анализи „Кплер“, регистрираше 91 пратка што пристигнаа во Европа од рускиот терминал Јамал помеѓу јануари и април.

