3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најскапите градови во светот...

Ова се најскапите градови во светот…

karakas1

Каракас, главниот град на Венецуела која е во голема економска криза, е најскапиот град во светот за доселениците.

Ова е денешниот резултат од анкетата на меѓународната компанија „ECA International“, според која зад Каракас, следат Луанда во Ангола и Осло во Норвешка.

Вредноста на потрошувачката кошница во Каракас е зголемена за 60 проценти за една година, додека Венецуела иако богата со нафта, но многу зависна од извозот, има постојан недостаток од храна, средства за хигиена и сл.

Во Луанда, главниот град на Ангола, животот поскапел поради растечкиот извоз и цената на превозот.

Токио, на чие место по скапотија дојде Каракас, во однос на цените е на првото место во Азија, пред Пекинг кој на тој континент е втор поради слабеењето на кинеската валута јуанот во однос на доларот.

Листата на десет најскапи градови во светот ја дополнуваат Џуба во Јужен Судан, Ставангер во Норвешка и четири града во Швајцарија: Цирих, Женева, Берн и Базел.

ECA (Employment Conditions Abroad) е меѓународна компанија која врши анализа и проучување на животниот стандард во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП