Македонската компанија за додатоци во исхраната Natura Therapy беше дел од престижниот саем Vitafoods Europe 2026 кој се одржа во Барселона од 5 до 7 мај.
Станува збор за еден од најголемите и најзначајни светски саеми за суплементи и иновации во здравата исхрана кој се одржува во Fira Barcelona Gran Via и ги обединува водечките компании, производители, иноватори и експерти од глобалната индустрија за здравје и суплементација. Vitafoods Europe ја поврзува целата нутрацевтска индустрија на едно место: од суровини и готови производи, до private label, contract manufacturing, опрема и услуги.
„Нашето присуство на овој саем претставува мост кон нови партнерства и идни соработки. Тука сме со цел имплементирање на уште повисоки стандарди, за подобрување на нашите производи, но и најдиректно да се запознаеме со најсовремените светски иновации во индустријата за здравје, превенција и квалитетна суплементација. Она што го слушнавме тука е дека квалитетните суплементи повеќе не се избор, туку неопходна потреба, како дел од современиот начин на живот! “ – изјави нутриционистот Сашко Дрвошански.
Новитетите кои неодамна ги промовиравме на македонскиот пазар, како Магнезиум цитрат, потоа новите минерали и новите механизми на пакување и искористување, како и колагенските пептиди, излезе дека се нешто што е најактуелно и во светот, додаде Дрвошански.
За Natura Therapy, ова учество претставува стратешка можност за вмрежување, размена на искуства и отварање нови канали на соработка. Компанијата продолжува да расте, да се развива и да креира додатоци во исхраната кои ги задоволуваат се поспецифичните потреби на корисниците.



