Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакнувајќи дека поставил рок до почетокот на јули за Европската Унија да ги исполни своите обврски од трговскиот договор со Соединетите Американски Држави, во спротивно САД ќе ги зголемат царините кон ЕУ.
„Трпеливо чекав ЕУ да ги исполни своите обврски од историскиот трговски договор што го потпишавме во Шкотска, најголемиот трговски договор досега. Ми беше ветено дека ЕУ, според договорот, ќе ги елиминира сите царини кон САД. Се согласив да ѝ дадам (на фон дер Лајен) рок до 250-годишнината од основањето на нашата земја да ги исполни своите обврски, во спротивно, за жал, царините ќе бидат зголемени многу пати“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

