3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Франција – 10,5 %

Невработеноста во Франција – 10,5 %

francepeople1

Стапката на невработеност во Франција во третиот квартал оваа година се зголеми на 10,5 проценти, достигнувајќи го највисокото ниво од крајот на 1997 година.

Стапката на невработеност во третиот квартал во Франција се зголеми за 0,1 проценти во однос на претходниот квартал, а за 0,6 проценти на годишно ниво, соопшти Заводот за статистика на Франција.

Растот на невработеноста во овој квартал не е разочарувачки, бидејќи е помал од прогнозираното ниво од 10,6 проценти. Во четвртиот квартал се очекува стабилизација на невработеноста.

Иако невработеноста во октомври малку е намалена, бројот на работоспособни жители кои немаат работа достигна рекордни 3,27 милиони.

Невработеноста меѓу младите од 15 до 24 година е стабилизирана во третиот квартал на годишно и квартално ниво и изнесуваше 24,5 проценти.

Секој десети работоспособен Фрнцузин на возраст од 25 до 49 години е невработен, додека невработеноста меѓу популацијта над 50 години е осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП