ПочетнаАВТОБИЗКинезите претставија автомобил со ракетен мотор: До „стотка“ за помалку од секунда!...

Кинезите претставија автомобил со ракетен мотор: До „стотка“ за помалку од секунда! (ФОТО)

Кинеската компанија „Dreame“, позната по своите домашни апарати и роботски правосмукалки, ја изненади автомобилската јавност претставувајќи го футуристичкиот концепт „Nebula Next 01 Jet“.

Станува збор за електричен хиперавтомобил со 4 врати кој, според компанијата, користи дополнителен ракетен погон.

На задниот дел од возилото се наоѓаат два ракетни мотори на цврсто гориво кои треба да обезбедат екстремно забрзување.

Од компанијата тврдат дека концептот од 0 до 100 км/ч пристигнува за околу 0,9 секунди, што го става меѓу најбрзите автомобили некогаш презентирани.

Сепак, ракетниот систем веројатно ќе остане само дел од концептот, бидејќи е тешко да се замисли хомологацијата на такво решение за масовно производство и секојдневна употреба.

„Nebula Next 01“ не е фокусиран само на перформансите. Концептот носи и напредни технологии како што се контрола на управувачот преку жица, софистицирана шасија и голем број сензори, вклучувајќи „LiDAR“ системи за автономно возење, пишува „Auto Bild“.

Дизајнот го следи футуристичкиот карактер на автомобилот. Возилото е многу ниско, агресивно по изглед, со изразени аеродинамични елементи.

Во моментов нема информации дали овој модел некогаш ќе стигне до производство (и во каква форма), но „Dreame“ јасно ги покажа своите амбиции да влезе во автомобилската индустрија со овој концепт.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП