Државниот завод за статистика ги пресмета дефинитивните податоци за 2024 година. Во нив се наведува дека трговската размена на Македонија со странство почнува да тоне. Податоците на статистичарите покажуваат дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во 2024 година изнесува 479 464.9 милиони денари и бележи пад од 6.45 % во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока во 2024 година изнесува 683 900.3 милиони денари, што е за 0.42 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Податоците на статистика покажуваат дџека трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

