5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQantas укинува 1.000 работни места

Qantas укинува 1.000 работни места

qantas1

Австралиската авиокомпанија „Qantas“ денес соопшти дека ќе укине 1.000 работни места и дека е соочена со „огромни“ предизвици поради драстичниот пад на профитот.

Компанијата, имено, има, загуба од 300 милиони австралиски долари (271 милиони американски долари), пренесува агенцијата АФП.

Директорот на „Qantas“, Алан Џојс изјави дека станува збор за „значително“ влошување на деловната ситуација.

Тој додаде дека компанијата се бори со „вонредните околности“, вклучувајќи ја рекордната цена на горивото, силниот австралиски долар и жестоката конкуренција од ривалите, наведува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП