2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРичард Бренсон советува: Како да започнете сопствен бизнис

Ричард Бренсон советува: Како да започнете сопствен бизнис

brenbren1

Размислувате за започнување на сопствен бизнис, или веќе сте го започнале, но мора да му се посветите целосно за да заживее. Тоа подразбира големи ризици меѓу кои е и напуштањето на работата која во моментов ја работите. Ричард Бренсон дава совети кога е најдоброто време за тоа.

Речиси секој има некаков претприемачки дух, и со самото тоа има потенцијал да започне некоја работа, но претприемачкиот живот не е за секого. Многумина, наместо тоа одлучуваат своите таленти да ги покажат во рамките на некоја туѓа компанија. За некои ваквата опција не постои, па затоа тие многу рано се одлучуваат на сопствени потфати.

Ако имате голема доверба во тој потфат, порано или подоцна ќе мора да му се посветите целосно. Ако тоа не го направите, ќе го поминете преостанатиот дел од својот живот запрашувајќи се дали тоа е можно да успее – ве советува Бренсон.

„Вистина е дека големите претприемачи мора многу да веруваат во некои моменти. Иако ризикот некогаш може да биде застрашувачки, клучот е секогаш да имате падобран“, истакнува Бренсон.

Првиот чекор во оваа транзиција е добро да го испланирате вашиот бизнис. Мора да мислите на се, од локацијата на која ќе ја сместите вашата канцеларија, до тоа како сакате вашиот производ да изгледа на рафтовите во продавниците. Обидете се да ги предвидите сите можни застои во работата, но водете сметка за времето, ако предолго чекате, околностите можат да се променат – пазарот е променлив.

За да бидете сигурни дека вашиот план ќе успее, потребно е да се поврзете со некои големи ментори и силни луѓе од таа област. Од непроценлива вредност е кога имате управен одобор за своите идеи, тие ќе ви помогнат.

Тие ќе бидат луѓето на кои можете да им се обратите за совет кога работите нема да бидат такви како што сте ги планирале. Бидете сигурни дека нема секогаш се да оди според планот, но и тоа е дел од оваа забава. Одлуките ќе бидат тешки, но вие мора да издржите се, тоа е патот до успехот. Со силна поддршка од останатите лица кои имаат искуство и знаење, ќе донесувате подобри одлуки.

Без оглед на работата секогаш мора да размислувате однапред за последиците, и да направите се што е во ваша моќ да ја минимизирате можноста за грешки. Осмислувањето на резервен план е секогаш добра опција.

Додека вие сето тоа го планирате, запомнете дека прозорецот на можности полека се затвора – во некој момент ќе мора да се одлучите. Кога ќе дојдете до тоа, единствено што ви преостанува е да ја напуштите досегашната работа и да станете свој газда.

Бидете храбри: По сите планови, време е да имате верба во себе, својот тим и своите идеи!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП