Скопје повторно живее за книгата. Новото издание на Саем на книга Скопје 2026 донесе голема посетеност, позитивна енергија и љубители на пишаниот збор од сите генерации.
Оваа година, под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, Арена Борис Трајковски се претвори во центар каде што литературата и културата се спојуваат на едно место. Посетителите имаат можност да уживаат во повеќе од 130 промоции на книги и средби со автори, како и во богатата понуда од над 60 издавачки куќи.






