ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските рафинерии се мобилизираат за производство на гориво за авиони

Европските рафинерии се мобилизираат за производство на гориво за авиони

Европските рафинерии се мобилизираа максимално за да обезбедат гориво за авиони, објави „Shell“, цитирана од „Bloomberg“.

Авиоиндустријата предупреди дека наскоро би можела да стане жртва на војната во Иран. До неодамна, земјите од Блискиот Исток беа најголемиот снабдувач на гориво за авиони. Со затворањето на Ормутскиот теснец, се покажа дека Европа има резерви за неколку недели.

Рафинериите моментално работат со резерви на нафта за итни потреби.

Добавувачи на гориво за авиони во Европа од почетокот на 2026-та година. Графикон: „Bloomberg“

Најголемата рафинерија на „Shell“ во Европа, сместена во пристаништето Ротердам, сега произведува максимални количини на гориво за авиони за да ги ублажи последиците од кризата.

Раководителот на холандската единица на компанијата, Франс Евертс, не прецизираше за што се работи, но додаде дека сите европски рафинерии се мобилизирале. Тој исто така истакна дека секторот бара алтернативи, што, сепак, значи дека пазарот мора да се преориентира.

Недостатокот на гориво за авиони не е проблем само во Европа, а многу компании веќе почнуваат да откажуваат летови. Меѓу нив се дури и големи компании како што се „Lufthansa“ и „KLM“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП