1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas купува банка во Полска

BNP Paribas купува банка во Полска

french-bank-bnp-paribas--logob

Француската банкарска групација „BNP Paribas“ се согласи да ја купи полската единица на холандската банка „Rabobank – Bank BGZ“.

Врз основа на договорот, полската банка се проценува на 4,2 милијарди злоти ( 1,4 милијарди долари). Ова е последната индикација дека постои консолидација на банкарскиот сектор во Полска.

„„ВNP Paribas Group“ и „Rabobank Group“ објавија дека постигнале договор за трансфер на 98,5 % од полската „Bank BGZ“ која има вредност од 4.2 милијарди полски злоти“, се вели во соопштението на „Rabobank“.

Холандската стопанска банка неодамна беше казнета со 1 милијарда долари во врска со скандалот со манипулацијата на „Libor“.

Од „BNP“ потврдија во изминатиот месец, дека имаат интерес за купување на 11-тата најголема банка во Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП