3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија несака да штеди во државната администрација

Швајцарија несака да штеди во државната администрација

shvajcarijashvashva1hj

Државниот совет на Швајцарија го одби предлогот на Националниот совет за заштеда на 200 милиони швајцарски франци во буџетот за трошоци во државната администрација.

Предлогот на Долниот дом на швајцарскиот парламент за намалување на трошоците на државната администрација кој опфаќа заштеда од 50 милиони франци на персонал и 150 милиони франци на општи трошоци на администрацијата е одбиен во Горниот дом на парламентот.

Повеќето сенатори сметаат дека толкаво намалување не може да биде донесено нагло како што бараат претставниците на Долниот дом особено кога станува збор за намалување на вработените во државната администрација.

Државниот совет, исто така, не го прифати предлогот за зголемување на субвенциите за поддршка на извозот на прехрамбени производи од осум милиони франци на 78 милиони франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП