20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPad Pro со 4K екран од 12,9 инчи?

iPad Pro со 4K екран од 12,9 инчи?

ipad 12

Доколку може да им се поверува на информациите кои протекоа од „Foxconn“, „Apple“ навистина подготвува нов производ кој ќе биде претставен во текот на следната година. Станува збор за 12,9-инчниот „iPad Pro“, за кој често се говори. Сега пристигнаа неколку нови информации кои минатиот месец недостасуваа, а се поврзани со резолуцијата на екранот.

Па така овој уред би требало да доаѓа во две верзии со 2K и 4K резолуции. Екранот со 2K резолуција би имал густина од 228 ppi со најверојатно 2048×1536 пиксели, кој сега е под стандардниот „Apple“ ретина квалитет.

Но, помоќниот екран 4K би имал матрица од 4096×3072 пиксели, густина од 342 ppi, што е подобро од најновиот „iPad mini“ со ретина екран.

Послабиот 2К уред би можел да биде претставен веќе во текот на април, а подоцна во следната година би можело да се очекува и претставувањето на уредот со 4К екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП