ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловец тврди дека човештвото можеби нема да преживее во следните 50 години,...

Нобеловец тврди дека човештвото можеби нема да преживее во следните 50 години, ова се неговите причини

Добитникот на Нобеловата награда за физика, Дејвид Грос, предупреди дека човештвото може да исчезне во следните неколку децении, а тоа е поради сопствените одлуки.

Во интервју за „Live Science“, истакнатиот теоретски физичар истакна дека најголемата пречка за понатамошниот развој на науката не е сложеноста на физиката, туку прашањето дали цивилизацијата воопшто ќе преживее доволно долго за да ги пронајде овие одговори.

„Во моментов, дел од времето го поминувам обидувајќи се да им кажам на луѓето дека шансите да живеат уште 50 години се многу мали. Поради заканата од нуклеарна војна, имате околу 35 години“, рече Грос. Тој исто така забележа дека тоа е „приближна проценка“.

Клучниот проблем, според Грос, е растечкиот ризик од нуклеарен конфликт. Денес во светот има повеќе од 12.000 активни нуклеарни боеви глави, а девет земји поседуваат капацитет да ја уништат цивилизацијата каква што ја знаеме.

Тој проценува дека годишниот ризик од нуклеарна војна е околу два проценти. На прв поглед, ова е релативно мал број, но кумулативно значи дека очекуваниот „животен век“ на една цивилизација би можел да биде само неколку децении.

Грос гледа дополнителен проблем во постепеното пропаѓање на меѓународните договори за контрола на оружјето, кои за време на Студената војна барем делумно ги држеа нуклеарните закани под контрола. Во денешната многу понестабилна геополитичка средина, ваквите механизми сè повеќе слабеат, вели Грос.

За разлика од периодот на биполарниот свет, денешниот систем вклучува повеќе нуклеарни сили, што го зголемува ризикот од погрешни пресметки, според физичарот, пишува „Economic Times“. Управувањето со рамнотежата на одвраќање помеѓу девет држави, предупредува Грос, е експоненцијално посложено отколку помеѓу две сили, а дипломатските механизми не се доволно брзи со технолошкиот развој.

Покрај нуклеарното оружје, Грос ја нагласува улогата на вештачката интелигенција. Во сценарија каде што одлуките за лансирање ракети би требало да се донесат во многу краток рок, постои опасност дел од одговорноста да се префрли на автоматизирани системи.

Ваквите системи, предупредува тој, дејствуваат побрзо од луѓето, но не ги разбираат последиците од нивните одлуки. Симулациите на воени сценарија веќе покажуваат дека системите базирани на вештачка интелигенција често ги ескалираат конфликтите на нуклеарно ниво, бидејќи ги перцепираат таквите одлуки како „ефикасни“. Грос додава дека на долг рок постои и ризик дека доволно автономните системи би можеле да донесуваат одлуки без директна човечка контрола.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП