2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBobst континуирано бележи раст

Bobst континуирано бележи раст

bobst1

Светскиот лидер во производството на машини за индустриско пакување, швајцарската компанија „Bobst“ во 2013 година, смета на прходи од продажбата во вредност од 1,32 до 1,335 милијарди франци, благодарение на органскиот раст, во однос на минатогодишните 1,26 милијарди франци.

И покрај силното зголемување на новите нарачки во првата половина од оваа година, „Bobst“ за последниот квартал од тековната година предвидува малку помала вредност на нарачките во однос на истиот период минатата година.

Падот на активностите на пазарите во Европа и Блискиот Исток е компензиран со растот во Азија и Америка, се додава во соопштението од компанијата.

Во наредната година, швајцарската компанија очекува голема неизвесност на економската состојба во економски развиените земји, како и забавување на растот на кинескиот пазар.

Според прелиминарните предвидувања, „Bobst“ во 2014 година би можел да смета на приходи во износ од 1,25 до 1,335 милијарди франци, а за 2015 година предвидува приходи од 1,3 до 1,4 милијарди франци и оперативна маржа од седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП