Инстант лозот „Калинка“ е еден од најпрепознатливите и најомилените лозови на Државна лотарија. Пласиран уште во 2010 година како прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија, „Калинка“ веќе израдува многу среќни добитници со различни парични добивки.
Со својата богата симболика – плодот калинка како симбол на среќа, благодат и радост е дел и од корпоративното лого на Државна лотарија. „Калинка“ е лесна и забавна игра – доволно е да се изгребат полињата за игра и да се пронајдат три исти износи, кои може да ви донесат една од 7-те главни премии по 700.000 денари или една од многубројните други парични добивки.

