7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина ќе ги проверува сметките на службениците кои префрлиле над 100.000 евра...

Атина ќе ги проверува сметките на службениците кои префрлиле над 100.000 евра во странство

athens-acropolis

Грчката Влада нареди контрола на сметките на државните службеници, кои од 2009 година, па досега, на сметки во странство префрлиле суми поголеми од 100. 000 евра, објавија грчките медиуми.

– Времето во кое секој можеше да прави што сака без да дава отчет за своите постапки засекогаш заврши, изјави грчкиот министер за административна реформа Киријакос Мицотакис.

Контролата ќе ја спроведат инспекторатите на соодветните државни институции.

„Тројката“ меѓународни кредитори на Грција, меѓу останатото, бара и напредокот во борбата против даночните измами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП