26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени 53,5 милиони денари за штети од невреме во четири општини

Исплатени 53,5 милиони денари за штети од невреме во четири општини

nevremee

Министерството за финансии, со одлука на Владата, денеска исплати 53.533.253 денари по основ на штети настанати од елементарни непогоди во Струмица, Кривогаштани, Штип и Кичево.

На општина Струмица и се исплатени 39.913.318 денари за штета настаната од невремето со дожд и поплави од февруари годинава. Исто така, за покривање на штетите кои настанаа во оваа општина од врнежите на град и дожд исплатени се дополнителни 1.491.550 денари. Средствата им се исплатени на оштетените од населените места Седларци, Едрениково, Трибичино, Англеци, Градашорци, Добрејци, Баница, Водоча, Вељуса, Просениково, Дабиле, Муртино, Сачево, Габрово, Градско Балдовци и град Струмица.

Во општина Кривогаштани по основ на штетите настанати од невреме со силен ветер и врнежи на град и дожд исплатени се 10.138.025 денари. Средствата се исплатени на оштетените од населените места Обршани, Боротино, Бела Црква, Војани и Пашино Рувци.

Во општина Штип исплатени се 1.762.780 денари за покривање на штетите од ветер и дожд.

Во општина Кичево, пак, се исплатени 227.580 за покривање на штетите од град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП