29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФестивалот на сирење „Cheese land“ и овој викенд продолжува во Веро центарот

Фестивалот на сирење „Cheese land“ и овој викенд продолжува во Веро центарот

DSC07248

Во петокот, на 29 ноември во Веро-центарот се отвори првиот Веро Cheese land кој по својата посетеност ги надмина сите очекувања. Врвулица од задоволни потрошувачи уживаа во сирењето и кашкавалот, маѓепсани од аромата на бомбиците и обландите од сирење и другите производи за дегустација. Потрошувачите имаа одлична можност и да се инспирираат од декорацијата на сирења со други производи и да добијат идеи и мотив за мали експерименти во сопствената кујна. Најмалите играа игри и беа навистина среќни со наградите што ги освоија.

„За нас е огромно задоволство самата глетка на Веро Cheese land, кој го сметаме за наш мал подвиг! Задоволни и насмеани потрошувачи беше нашата иницијална идеја и заедно со нашите партнери ќе се трудиме од овде да не излезе ниту еден незадоволен потрошувач. Среќни сме што гледаме дека нашите домашни сирења се на врвот на листата на најпосакувани производи“, изјави Влатко Величков,  маркетинг менаџер во Веро.

Овогодишните партнери на Веро Cheese land чии производи ќе можат да се дегустираат и купат со промотивни цени се: Бимилк, Идеал шипка, Здравје Радово, Јого меркур, Хемипром, Рудине, Екошар, Mонтенегро, Млекара Николови, Малешевски производи, како и винариите Стоби и Тиквеш, но и Оникс со целата палета на производи.

DSC07248

DSC07264

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП