ПочетнаЕКОНОМИЈАУметноста нема цена – протест поради пониженото достоинство!

Уметноста нема цена – протест поради пониженото достоинство!

Вработените во културата денеска од улица ќе го изразат својот револт против она што го нарекуваат институционално игнорирање и сериозно нарушување на нивните работнички права.

Точно напладне, во 12:00 часот, пред просториите на Министерството за култура и туризам ќе се одржи најавениот масовен протест на Синдикатот на културата на Република Македонија. Од Синдикатот алармираат дека Колективниот договор е под постојан удар и дека повеќе нема простор за чекање, оправдувања или молк. Културните работници поддршка добија и од Сојузот на синдикати на Македонија.

Главната порака на денешниот собир е дека достоинството на вработените во овој сектор е понижено. Дополнително тие сметаат дека почитувањето на законските рамки и веќе утврдените договори мора да биде приоритет на надлежните. Барањата на уметниците и сите вработени во културата се јасни: правда, почит и крај на игнорантскиот однос.

„Овој протест е кулминација на долготрајното незадоволство во секторот култура, каде работниците сметаат дека нивните права систематски се газат. Пред ресорното министерство денеска се очекува масовен одзив, со цел да се испрати порака дека културните дејци се обединети во борбата за своите права и дека достоинството во професијата нема цена.“ велат од синдикатот на културата.

Не е во прашање само Колективниот договор за култура, во прашање се сите колективни договори во кои има утврдено начин и методологија на пресметка на плата, без оглед на тоа дали е просечна или минимална плата по коефициент за сложеност, без оглед на тоа дали е најниска плата по коефициент на сложеност, без оглед на тоа дали е дополнителен % за зголемување на плата, итн. Со оваа порака ССМ јасно стави до знаење дека ќе даде силна поддршка до сите вработени во културата.

Од ССМ додаваат дека за сите други е јасно дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. Синдикалците јавно прашуваат зошто тоа не е јасно за Уставните судии !?

Член 32 од Уставот утврдува дека:

,,Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.
Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.
Секој вработен има право на соодветна заработувачка.
Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.
Од овие права вработените не можат да се откажат.
Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.” Велета од ССМ

Синдикалците појаснуваат дека согласно Уставот, Колективните договори имаат сила на Закон, а во Уставот е предвидено дека Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, а од овие права вработените не можат да се откажат.

Дополнително, член 1, став 2 од Законот за работните односи предвидува дека ,,Работниот однос се уредува со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување.”

Дополнително, во Законот за работните односи, во член 105, став 1 е предвидено дека ,,Работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.”

И покрај тоа, Уставните судии одлучиле да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и тоа поставувајќи си три клучни прашања:

„Дали колективниот договор ја надминува законската делегација,
Дали воспоставува автономен платен систем без законска рамка и
Дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите.
Одговорот е ист за сите три, тоа уставните судии добро го знаат, а тоа е :
Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, работниот однос се УРЕДУВА со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување, а работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.“ се наведува во дописот на ССМ

Ова го гарантираат Уставот, Законите, колективните договори, но и Меѓународните трудови стандарди на МОТ, му се допаѓало тоа некому или не!

Сега синдикалците се сомневаат дека намерата на Уставен е дека ова е само почеток, односно ако го укинат колективниот во културата, тоа ќе повлече и укинување на сите колективни договори каде што има утврдено начин на пресметка на плата. И на крај, прашањето е чија желба е тоа?

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП