ПочетнаАВТОБИЗ„Rolls-Royce“ го претстави најлуксузниот кабриолет од само 100 примероци (ФОТО)

„Rolls-Royce“ го претстави најлуксузниот кабриолет од само 100 примероци (ФОТО)

Првиот член на новата линија „Coachbuild Collection“ има најголеми тркала некогаш монтирани на „Rolls-Royce“, и е наменет за клиенти кои сакаат речиси уникатно возило во ограничена серија.

„Rolls-Royce“ го претстави „Project Nightingale“, нов ултралуксузен електричен кабриолет кој ќе се произведува во само 100 примероци.

Моделот е првиот член на новата линија „Coachbuild Collection“, наменет за клиенти кои сакаат речиси уникатно возило во ограничена серија.

Новиот кабриолет ја користи механичката платформа на актуелниот електричен модел „Spectre“, што значи дека е напојуван од два електрични мотори со најмалку 585 ks и 900 Nm, а можеби и повеќе во конечната спецификација.

Она што го прави „Nightingale“ посебен е неговата целосно нова каросерија без покрив, инспирирана од стиловите „Art Deco“ и „Streamline Moderne“ од 1920-тите и 1930-тите.

Автомобилот е долг речиси колку „Phantom“, но е дизајниран исклучиво за две лица.

Посебен шмек даваат и 24-инчните тркала, најголемите некогаш монтирани на „Rolls-Royce“, како и сосема новите ултратенки фарови за кои компанијата тврди дека се речиси невозможно да се репродуцираат сериски.

Внатрешноста е очекувано луксузна – седиштата се тапацирани со кожа „Charles Blue“ со бели и темно сини детали, додека наместо познатиот таван „Starlight“, овој модел го добива „Starlight Breeze Suite“, со дури 10.500 светлосни точки распоредени во внатрешните панели на патничкиот простор.

Цената не е официјално објавена, но се очекува да биде далеку над 1 милион долари, иако сепак малку пониска од целосно уникатните автомобили на „Rolls-Royce“.

Веќе е јасно дека поголемиот дел од планираните 100 примероци се нарачани однапред.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП