Европската централна банка (ЕЦБ) сè уште не донела одлука за евентуално зголемување на каматните стапки, бидејќи економското влијание на војната во Иран е сè уште неизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за Блумберг.
Инвеститорите шпекулираат за евентуално зголемување на каматните стапки на ЕЦБ уште овој месец, во обид да го ограничат новиот бран на инфлација поттикнат од затворањето на стратешкиот Ормутски теснец, клучен за транспорт на енергија.
„Тоа не значи дека ќе одиме во една или друга насока и сигурно не го одредува патот на каматните стапки“, изјави Кристин Лагард во врска со ситуацијата во Иран.
Централната банка на еврозоната ќе го одржи својот следен состанок на 30 април.
Влијанието на војната во Иран треба да биде краткотрајно, според основните проекции на ЕЦБ во март.
Сепак, ЕЦБ ја разгледува и можноста за најлошото сценарио, со многу поостар пораст на цените на енергијата, зголемена неизвесност и меѓународни последици, како и сериозно сценарио во кое инфлацијата ќе достигне 4,8 проценти следната година.
Според Кристин Лагард, економијата во моментов е „помеѓу основното и најлошото сценарио“.



