2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот јуан втора најкористена валута во светот

Кинескиот јуан втора најкористена валута во светот

juani1

Уделот на јуанот во финансиските трансакции во светот во октомври оваа година пораснал од 1,88 проценти во јануари 2012 година на 8,66 проценти во октомври оваа година, со што го зазема второто место.

Кинеската валута јуан во октомври се искачи на второто место на листата за најкористените валути во светските финансиски трансакции и го надмина еврото, соопшти финансиската компанија „Свифт“.

Уделот на еврото во финансиските трансакции е намален од 7,87 проценти на почетокот на 2012 година на 6,64 проценти во октомври 2013 година, наведува „Свифт“, компанија специјализирана за трансфер на податоци меѓу финансиските компании и банки.

Кинеската монета сепак е далеку зад доларот, бидејќи повеќе од 81 процент од финансиските трансакции во светот се обавуваат во долари.

Кина не ја крие својата желба да го зголеми влијанието на јуанот надвор од своите граници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП