10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан раст на унгарската економија

Забрзан раст на унгарската економија

ungarija1

Унгарската економија во третиот квартал го забрза растот и зајакна за 0,9 проценти во однос на претходниот квартал, објави агенцијата за статистика на земјата.

Унгарија во вториот квартал оваа година излезе од рецесија, кога нејзиниот бруто домашен производ (БДП) зајакна за 0,1 проценти на квартално ниво, пренесува агенцијата АП.

На годишно ниво, БДП на Унгарија во периодoт од јули до септември се зголеми за 1,8 проценти, што е малку подобар резултат од прогнозираните 1,7 проценти .

Потрошувачката на унгарските домаќинства во третиот квартал стагнираше, но јавната потрошувачка се зголеми за 4,4 проценти, а инвестициите се зголемени за 8,2 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП