25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ забележа економски раст 0,2 отсто

ЕУ забележа економски раст 0,2 отсто

eue

Во третиот квартал од 2013 година бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија пораснал за 0,2 отсто, а на еврозоната за 0,1 отсто, соопшти денеска европската статистичка служба Евростат.

За второто квартал од годинава беше регистриран соодветен раст од 0,4 отсто, односно 0,3 проценти.

Пресметано на годишно ниво, во третото тримесечје БДП на ЕУ пораснал за 0,1 отсто, а на еврозоната се намалил за 0,4 проценти. Во вториот квартал ЕУ имаше пад 0,1 отсто, а на еврозоната од 0,6 отсто.

Меѓу земјите членки на ЕУ, за кои има податоци за периодот јули-септември 2013, најголем е економски раст имаат Романија (1,6 отсто) и Летонија (1,2 отсто), а по нив следуват од Унгарија и Велика Британија (со по 0,8 отсто). Најголем пад на БДП имаат Кипар (за 0,8 отсто), Чешка (0,5 отсто) и Франција и Италија (од по 0,1 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП