ПочетнаАВТОБИЗ„Cupra“ претставува мал електричен хот-хечбек

„Cupra“ претставува мал електричен хот-хечбек

„Cupra“ го претстави својот најмал електричен модел досега – новиот „Raval“, градски хечбек кој ќе пристигне на европскиот пазар во 2026-та година.

Новиот модел е директно насочен кон конкурентите како што се „Renault 5 E-Tech“, „Alpine A290“ и идниот „VW ID. Polo GTI“.

Со должина од нешто повеќе од четири метри, „Rava“l останува во сегментот Б, но носи спортски изглед, широка трага и понизок центар на гравитација, па на прв поглед изгледа како вистински мал хот-хечбек.

Купувачите ќе можат да избираат помеѓу неколку верзии. Основниот модел користи електричен мотор од 116 кѕ и батерија од 37 kWh, со домет до 300 км.

Помоќните верзии нудат 135 кѕ, додека моделот со поголема батерија од 52 kWh произведува 211 кѕ и овозможува опсег до 450 км.

На самиот врв од понудата е „Raval VZ“, кој развива 226 кѕ и забрзува до 100 км/ч за 6,8 секунди.

„Cupra“ ги таргетира возачите кои сакаат спортски изглед со оваа верзија, па моделот добива адаптивни амортизери, прогресивно управување и електронско диференцијално заклучување.

Внатрешноста го следи модерниот тренд со 10,25-инчна дигитална инструмент табла и 12,9-инчен централен екран, додека бројот на физички контроли е сведен на минимум.

Почетната цена во Европа треба да биде околу 26.000 евра, што му дава на „Raval“ сериозна шанса да стане еден од најинтересните електрични градски автомобили.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ