Каде ќе ве однесе Велигденскиот продолжен викенд оваа година? Прошетка на планина, пикник покрај езеро или кратко бегство во природа со семејството, има многу убавини околу вас што вреди да се откријат. Галичица, Преспа, Берово или некоја планинска патека за возење велосипеди што одамна ја планирате… Конечно имате причина за малa пауза од секојдневието со убавини кои се тука, пред нас, а премногу често ги заобиколуваме.
И додека ја полните торбата со сè што ви треба, имаме едно мало, но важно потсетување: не заборавајте на кожата. Сончевите зраци се присутни и на пролет, и нивното влијание на кожата не треба да се потценува. Нанесете неколку капки од новиот серум Eucerin Sun Face Oil Control Daily со СПФ 50+ наутро на чисто лице и веќе по неколку минути ќе ја воочите разликата – кожата изгледа матирана, свежа и рамномерна, речиси како да сте ставиле пудра, но овој пат серумот е вашата заштита и шминка во едно. Она што го издвојува овој серум е неговата напредна формула со три активни механизми и секој од нив прави нешто паметно за вашата кожа.
- AOX Shield технологијата со Licochalcone A: моќен антиоксидант кој ја зајакнува клеточната одбрана од сонцеto. Формулата содржи и Glycyrrhetinic Acid кој го поддржува природниот механизам на кожата за регенерација на ДНК.
- Oil Control технологијата со L-Carnitin: аминокиселина присутна природно во кожата која го регулира себумот и го намалува сјајот. Токму таа е одговорна за матираниот ефект кој трае цел ден, дури и при физичка активност на отворено.
- Anti-pollution витамински бустер: комбинација на Витамин Ц, Витамин Е и Провитамин Б5 (Пантенол). Витамин Ц го стимулира создавањето на колаген и ги неутрализира слободните радикали. Витамин Е ја штити кожата од загадувањето и УВ зрачењето. А Провитамин Б5 ја хидрира кожата, го обновува бариерен слој и го намалува чувството на иритација, особено добредојдено по подолго поминување на сонце и ветер.

Оставете ја кожата да дише заедно со природата и прескокнете ја тешката шминка овој викенд. Вашата кожа е подготвена за сè – планинарење, возење велосипед или едноставно уживање на кафе под пролетното сонце. Оваа пролет, изберете помалку шминка, повеќе природа и сигурна заштита со новиот серум Eucerin Sun Face Oil Control Daily со СПФ 50+. Вашата кожа ќе ви биде благодарна.




