26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд им ги отпишува кредитите на граѓаните

Исланд им ги отпишува кредитите на граѓаните

islandis1

По финансискиот колапс во 2008 година островската држава Исланд има намера на граѓаните да им ги отпише хипотеките и да ги ослободи од данок на три години.

Според планот, секое домаќинство кое што има долг за станбен кредит, владата ќе му отпише 24.000 евра.

Во оваа земја, која има само 320.000 жители, проблематичните хипотеки изнесуваат дури 1,25 милијарди долари  и влијаат на курсот на домашната валута – круна. Вкупната вредност на исландската економија се проценува на 14 милијарди долари.

Повеќе од половина од отпишаниот долг го чинат директните хипотекарни кредити кои Исланѓаните нема да мораат да ги враќаат, а остатокот од износот е од даноците на граѓаните за наредните три години.

„Ослободување на домаќинствата од долговите“, беше предизборната парола на актуелниот исландски премиер Судмундур Давид Гунлаугсон.

„Државната каса мора во оваа акција да служи како посредник во финансирањето и спроведувањето на мерките на штедење. Вкупните последици за буџетот не би требало да бидат значајни во периодот 2014-2017 година“, соопшти исландската влада.

Со оваа мерка владата ќе се обиде да го зголеми БДП-то и да го поттикне штедењето. Неопходните пари планира да ги собере со зголемување на даноците за финансиските институции.

Благодарение на тоа, во државната каса ќе се „слеат“ 37,5 милијарди круни, односно околу 314 милиони долари.

Планот беше критикуван од Меѓународниот монетарен фонд, ОЕЦД и бројни економисти. Меѓутоа, поради овие мерки, агенцијата „S&P“ ја подобри оценката на рејтингот на државата.

Исландското Здружение за финансиски услуги проценува дека банките на граѓаните „им простиле“ околу две милијарди долари долг од 2008 година, кога стартуваше светската финансиска криза.

Со оглед дека тоа се 14 проценти од БДП, ова „простување“ е најголемото во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП