ПочетнаЕКОНОМИЈАУбава вест: Универзална почнува да се гради!

Убава вест: Универзална почнува да се гради!

Денеска во објава на социјалните мрежи, Министерот за култура Зоран Љутков, најави дека Универзалната сала во Скопје ќе почне да се гради.

“По долги години чекање и административни пречки, денес со гордост објавувам: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија”, вели министерот.

“Како министер за култура и туризам, информирам дека постапката за избор на изведувач за Универзалната сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за старт на градежните работи”, вели тој.

Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала е предвидено да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028.

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани.

“Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации. Останувам целосно посветен на транспарентно, законито и ефикасно реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на нашата земја”, вели Љутков во соопштението.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП