ПочетнаАВТОБИЗ„Volga“ се врати, а зад сето тоа стои познат бренд (ФОТО)

„Volga“ се врати, а зад сето тоа стои познат бренд (ФОТО)

Легендарниот советски автомобилски бренд „Volga“ се врати на пазарот, но овој пат со голема помош од кинеската компанија „Geely“, додека поранешната фабрика на „Volkswagen“ во Нижни Новгород беше избрана за производство.

По неуспешниот обид за враќање во 2024-та година, „Volga“ сега претставува два нови модели – теренецот „K50“ и седанот „C50“.

И двата автомобили се практично редизајнирани верзии на постојните модели на „Geely“, со минимални промени во надворешноста.

„Volga K50“ е базирана на моделот „Geely Monjaro“ и има речиси идентичен дизајн, со само малку поинаква решетка на ладилникот и значки на „Volga“.

Според руските медиуми, тој е напојуван од 2,0-литарски турбо бензински мотор со 238 кѕ, во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала.

Од друга страна, „Volga C50“ ја користи основата на моделот „Geely Preface“.

Тоа е класичен седан со модерен ентериер, дигитална контролна табла и вертикално поставен екран за инфозабава.

Ќе се нуди 2,0-литарски турбо мотор со 150 или 200 кѕ, заедно со седумстепен менувач со двојна спојка.

Особено е интересно што двата модели ќе излезат од производствената линија на поранешната фабрика на „VW“ во Нижни Новгород, каде што претходно се произведуваа моделите на „Skoda“ и „Volkswagen“ за рускиот пазар.

Враќањето на „Volga“ покажува како рускиот пазар на автомобили е сè повеќе зависен од кинеските партнери по заминувањето на западните производители, додека добро познатите домашни имиња добиваат нова шанса преку ребрендирани модели.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП