6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDow Chemical продава дел од своите фабрики

Dow Chemical продава дел од своите фабрики

dowdow1

Американскиот хемиски гигант „Dow Chemical“ планира да го продаде секторот за производство на хлор, вклучувајќи вкупно 40 фабрики во целиот свет, со вкупна вредност од три до четири милијарди долари.

„Dow Chemical“ е најголемиот производител на хлор во светот и го произведува подолго од еден век, пренесува агенцијата Франс прес.

Компанијата наведува дека е планирана и продажбата на бизнисот со епоксидна смола, како и гранките за производство на физиолошки раствор и енергија, кои во моментов остваруваат околу пет милијарди долари приходи.

Фабриките планирани за продажба се дел од секторот за производство на материјали за потребите на технолошката индустрија, кои се многу чувствителни на вариации на цените.

Американската компанија, како и нејзините бројни ривали, го намалува асортиманот на производи за да се фокусира на одредени области, вклучувајќи ја електрониката, пакувањето и земјоделството, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП