1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКјуби ја пренесува дејноста во Бугарија и Романија на ЕВРОИНС

Кјуби ја пренесува дејноста во Бугарија и Романија на ЕВРОИНС

mmmmm

Меѓународната осигурителна групација КЈУБИ, специјализирана во делот на корпоративно осигурување, денес објави дека постигнала договор со Евроинс Иншуранс Груп за пренесување на своите осигурителни активности во Бугарија и Романија.

По обезбедување на потребната документација од страна на регулаторот, постоечките осигурителните полиси и осигурителниот бизнис на Кјуби на овие пазари ќе бидат пренесени на Евроинс. Кјуби во Бугарија и Романија дејствува во делот на осигурување на имот и осигурување од општа одговорност. Компанијата во Бугарија е и лидер во делот на патничко осигурување.

Кјуби ќе продолжи да ги поддржува бугарскиот и романскиот пазар на осигурување преку обезбедување на реосигурување за клиентите на Евроинс. Двете компании ќе работат заедно со цел да се обезбеди  непречено пренесување на бизнисот на тој начин што услугите кон сопствениците на полиси и брокерите без прекин ќе се одржува на највисоко ниво.

Коментирајќи ја оваа бизнис зделка, Главниот Извршен Директор на Кјуби Европа Ричард Прајс изјави: „Одлуката да ги пренесеме нашите осигурителни активности во Бугарија и Романија е резултат на стратешка анализа на пазарот. Нашиот договор со Евроинс, еден од водечките осигурители во двата пазари, гарантира дека брокерите и клиентите ќе го задржат пристапот до локалните осигурителни компании. Исто така, на нашите вработени им се обезбедуваат нови можности за развој на кариерата со нивно пристапување кон тимот на Евроинс.

eurohold

Кирил Бошов, претседател на Одборот на директори на ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП истакна: „Стекнувањето на постоечкото портфолио на Кјуби е во согласност со стратегијата на групата за зајакнување на доминантната позиција како регионален играч на пазарот. Како разултат на овој договор, Евроинс ќе го зголеми своето учество во класата на немоторно осигурување и преку својата добро развиена мрежа ќе може да обезбеди комплетна гама на осигурителни продукти на поширок круг на клиенти. Задоволство ни е што директорот на Кјуби во Бугарија, Румјана Бетова, ќе се приклучи на тимот на ЕВРОИНС како извршен директор.”

 

***

Осигурителната групација Кјуби, оценета според Standard & Poor’s со А+ рејтинг, е една од водечките меѓународни осигурителни и реосигурителни компании со деловно дејствување во сите клучни пазари на осигурување и со повеќе од 16 000 вработени во светот. Со акциите на Кјуби се тргува на австралиската берза за хартии од вредност. Компанијата е лидер на пазарите во кои е присутна, поставувајќи високи стандарди за успешно работење и деловност. За изминатата година, заклучно со 31.12.2012, бруто полисираната премија на Кјуби изнесуваше 18.4 милијарди американски долари.

Кјуби Европа, која придонесува со повеќе од 25% во приходите на групата, е специјализирана во делот на корпоративното осигурување. Активна и во деловното работење на Лојдс и на корпоративниот пазар, Кјуби им нуди на своите клиенти во Велика Британија и Европа исклучително разновидни производи и силна дистрибутивна мрежа.

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП е една од најголемите независни осигурителни групации кои работат на пазарите на Централна и Источна Европа. Компанијата има околу 7% пазарен удел во Бугарија, Романија и Македонија и вработува 1 100 луѓе. ЕВРОИНС е подружница на ЕВРОХОЛД Бугарија – водечка бугарска компанија со деловни активности на Балканот, фокусирана во обезбедување на небанкарски финансиски услуги и управување со средства. Седиштето на компанијата е во Софија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП