12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет лоши финансиски одлуки кои го празнат паричникот

Пет лоши финансиски одлуки кои го празнат паричникот

walletpraznat1

Финансиката ситуација не зависи секогаш од висината на примањата, туку пред се од начинот на кој располагаме со парите. Многумина заработуваат повеќе од другите, но сметката секогаш им е во минус, додека пак, поедници кои имаат нередовни или ниски примања умеат да ги распоредат така што никогаш не се задолжуваат и сметката им е во плус и покрај трошоците.

Шведските експерти за финансии тврдат дека лошите одлуки се најчеста причина за празниот паричник, па треба да ги избегнуваме без оглед на тоа колку заработуваме.

Еве за кои одлуки тие предупредуваат. Чувајте се…

1.Избрзани купувања и продажби

Пазарот за недвижности, автомобили, како и бизниси има многу подеми и падови, ситуацијата се менува и потребно е добро да се информирате пред да донесете одлука да продадете или да купите некоја недвижнина или да вложите пари во акции на некоја компанија.

Истражувањата покажуваат дека луѓето по ова прашање најчесто реагираат избрзано или под влијание на блиски луѓе кои исто така не се добро информирани, но сугестивно делуваат на нив.

2.Предолго калкулирање

Исто како кај избрзаните одлуки, предолгото чекање е еднакво погубно за финансиската ситуација. Тоа особено се однесува на кариерата, бидејќи на многумина во еден момент им се отвара врата кон подобра работа или плата, но од страв од ризици тие не ја профаќаат понудата, ја одбиваат или пак предолго размислуваат што да направат и за тоа време ситуацијата често се менува на нивна штета.

3.Избегнувајте кредитни картички

Купувањето со кредитна картичка само на прв поглед делува привлечно бидејќи имате одредени поволности како што е плаќањето на рати. Меѓутоа, луѓето со парче пластика во раката немаат реално чувство колку пари трошат, а не се ни свесни дека токму тогаш купуваат со пари за кои немаат моментално покритие на сметката, па многу се изненадуваат кога сметките ќе стигнат на наплата.

Посебно неповолна финансиска одлука е новото задолжување и нова картичка која има за цел да ја покрие старата. Покрај тоа тука се каматите, потоа и месечното одржување на картичката… Најдобро би било засекогаш да се ослободите од картичките, освен дебитната која е практична бидејќи секогаш можете да подигнете пари на банкоматот или да платите само со оној износ кој е на сметката.

4.Задолжување за патувања и луксузни работи

Летување на кредит е чест избор на граѓаните во современиот свет без оглед на тоа колкави им се приходите. Иако реално себеси можете да си дозволите скромен хотел или дестинација, многумина одлучуваат себеси и семејството да се „почастат“ со патување на егзотични дестинации и сместување во луксузни хотели.

Бидејќи за тоа немаат покритие, се задолжуваат. Исто така, многумина купуваат поскапи автомобили отколку што можат реално да си дозволат или поголем стан, луксузен мебел или технички апарати.

5.Не наседнувајте на попусти

Позади голем попуст најчесто се крие илузија, бидејќи на крајот излегува дека она што не сте го платиле на „мостот ќе го платите во градот“, бидејќи потоа се појавуваат трошоци кои никој не ги споменал или се дознава дека не е се пресметано во цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП