ПочетнаКОМПАНИИ„Henkel“ го купува брендот за коса „Olaplex“ за 1,4 милијарди долари

„Henkel“ го купува брендот за коса „Olaplex“ за 1,4 милијарди долари

„Henkel“ се согласи да го купи „Olaplex“, брендот за нега на коса кој стекна култна популарност поради своите шампони и други производи, во договор вреден 1,4 милијарди долари, објави „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Диселдорф, Германија, ќе плати 2,06 долари по акција за „Olaplex“, според соопштението во четврток.

Олаплекс, чиј најголем акционер е фирмата за приватен капитал „Advent“, беше меѓу компаниите што излегоа на берза во 2021-ва година со рекордни проценки по пандемијата на Ковид.

Акциите на „Olaplex“ се намалија за околу 25% во однос на почетокот на овој месец откако менаџментот ги предупреди инвеститорите за слаб прв квартал. Акциите затворија на 1,33 долари во средата на њујоршката берза, што ѝ дава на компанијата пазарна вредност од околу 890 милиони долари.

„Henkel“, кој произведува хемикалии за индустриски и комерцијални стоки, поседува голем број брендови за коса, вклучувајќи ги „Schwarzkopf“ и „Not Your Mother’s“, кои неодамна ги купи. „Bloomberg“ објави во јануари дека „Henkel“ дал понуда за „Olaplex“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП