6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОвој Декември Вие го одбирате подарокот

Овој Декември Вие го одбирате подарокот

Ford_NY_

Декември е последниот и за многумина најубавиот месец во годината кога се буди оптимизмот за следната година и желбата за убави и вредни моменти. Празниците се одлична можност секој да ја покаже својата иновативност и да ги изненади своите најблиски.

Во пресрет на празниците и прекрасната новогодишна атмосфера Ми Да Гранд Моторс, ексклузивниот импортер за Ford во Македонија за сите потенцијални купувачи овозможи специјална новогодишна прилика.

“ Најмагичниот месец во годината, Декември, го посветуваме на единствената Fiesta која е најмодерното, а воедно и најпродаваното мало возило во Европа. По тој повод подготвивме празнична кампања во која секој кој ќе се одлучи за новата Fiesta може да одбере помеѓу бензински или дизел мотор со Тренд ниво на опременост и новогодишни цени. Привилегијата е во тоа што возилото може веднаш да го подигнете и да одберете еден од вредните подароци кои следуваат ”.

Во текот на овој празничен период за секоја нова Fiesta Вие избирате помеѓу iPad Air, 300 литри гориво или алуминиумски фелни со зимски гуми како подарок.
Сега сите кои сакаат да набават нов автомобил во Ford добиваат најмногу, а со тоа и можност да изненадат некој од своите најблиски.
Среќна Нова Фиеста!

Ford_NY_

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП