ПочетнаАВТОБИЗКинескиот теренец има моќ на „Lamborghini“, но чини помалку од „Tesla“

Кинескиот теренец има моќ на „Lamborghini“, но чини помалку од „Tesla“

Кинескиот производител „Leapmotor“ претстави нова, значително помоќна верзија на својот теренец.

„C10 AWD Sports+ Special Edition“ испорачува перформанси на ниво на супер автомобил, но по значително пониска цена.

За разлика од стандардниот модел со еден електричен мотор и 218 ks (160 kW), новата верзија со погон на сите тркала користи два мотори и развива дури 598 ks (440 kW) и 760 Nm вртежен момент.

Тоа е речиси на исто ниво со „Lamborghini Huracan LP 610-4“, кој има 610 ks.

Забрзувањето до 100 km/h трае околу 4 секунди, додека поголема автономија е обезбедена од батерија од 81,9 kWh.

Досегот е до 437 km (WLTP), со брзо полнење до 180 kW.

Најголемото изненадување е цената – околу 37.600 долари, што е дури и пониско од некои верзии на „Tesla Model Y“, како и од конкурентските електрични теренци.

Ова јасно ги таргетира купувачите кои сакаат високи перформанси по прифатлива цена, а дополнително го зголемува притисокот врз етаблираните брендови во сегментот на електрични возила.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП