6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУспешен менаџмент тим за успешна компанија

Успешен менаџмент тим за успешна компанија

M

Иако секоја функција по природа е менаџерска, менаџмент тимот во една компанија најчесто е основачот. Претприемачот или претприемачите кои ја основаат компанијата, најчесто на почетокот се и менаџери. Ова доаѓа од природата на нештата, најчесто претприемачите да се тие кои ја „зачнуваат“ бизнис-идејата и самостојно преминуваат во нејзина реализација.

Во секој случај, менаџментот (било да е тоа едно или повеќе лица) е тој што ги креира и води деловните политики и стратегии на компанијата.

Зошто се имаат определено на ваков чекор за започнување бизнис? Кои се нивните главни деловни карактеристики? Кои се нивните најсилни предности, а кои се евентуалните послабо развиени квалитети? Што ги мотивира? Каква ќе биде деловната политика на компанијата? …се само дел од прашањата кои треба да си ги поставите пред да се впуштите во било кои деловни води.

Кај малите бизниси, најчесто претприемачот/основачот на компанијата е и главен менаџер. Но, постои и можност во одредени случаи основачот да не е директно вклучен во раководењето – менаџирањето, туку се јавува исклучиво како основач со сопствен капитал, кој ангажира професионален, во една или повеќе области, менаџер за раководење со компанијата. Во тој случај, ако на било кој начин планирате да ангажирате посебни лица во самиот менаџмент (раководството) на компанијата потрудете се да си појасните кои се придобивките што тие ќе ги инкорпорираат во раководењето на вашата компанија.

Исто така, може да ги увидите и наведете и клучните карактерни особини кај одредени лица во вашиот тим. Кај некои бизниси тие се јавуваат и како особини на менаџментот кои одат во прилог на успешноста на компанија на пазарот. Многу често се случува одреден претприемач своите добри лични карактеристики да успее да ги преслика во секојдневното работење на компанијата и да придонесе за нејзиниот развој и усовршување.

Без оглед дали ќе се одлучите вие самите да менаџирате или за тоа ќе платите професионален тим, важно е да се знае дека менаџмент тимот е двигател на сите процеси во компанијата, речиси се зависи од него и речиси се е резултат од неговото залагање. При успешна работа на менаџмент тимот и компанијата ќе бележи успешни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП