4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel: Задоцнивме да зачекориме во мобилниот сектор и ја плаќаме цената

Intel: Задоцнивме да зачекориме во мобилниот сектор и ја плаќаме цената

intel cekor

Компанијата „Intel“ задоцнила премногу со влегувањето во секторот на смартфони и таблети и во моментов ја плаќа цената за тоа. Ова се зборови на Енди Брајант, кој е претседател на американскиот технолошки гигант.

Тој вели дека податоците за пораст на мобилниот сегмент биле пред „Intel“ цело време. Но од компанијата едноставно ја пропуштиле можноста да влезат порано во овој сегмент. За споредба, некои традиционално водечки играчи во „PC“ индустријата, како „Nvidia“ вложиле големи напори во мобилниот развој и денес чиповите „Tegra“ се продаваат одлично.

Сепак , „Intel“ ќе се потруди да ја компензира оваа своја грешка. Енди Брајант открива дека новиот извршен директор на компанијата Брајан Крзанич започна бројни внатрешни реструктуирања. Тие ќе помогнат за тоа и гигант како „Intel“ да влезе сериозно во секторот на паметни телефони и таблети.

Заедно со тоа, Брајант споменува дека во моментов кризата на пазарот со персонални компјутери и лаптопи почнува да поминува, што исто така е добра вест за „Intel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП